Барањето од Софија е скандалозно и е мешање во нашите внатрешните работи и уставниот поредок. Ова е ставот на претседателот Стево Пендаровски на барањето на Бугарија да учествува во промените на македонскиот Устав.
-Барањето од Софија е скандалозно. Такви барање не упатуваат ни окупаторите земјите, териториите, државите кои ги окупираат. Во 21 век е апсолутно непримерно да бара, да се мешаат во внатрешната политика и внатрешните политички и уставни процеси. Во таа смисла нашиот одговор на МНР беше на место, изјави претседателот Пендаровски.
Македонското МНР во текот на вчерашниот ден, по изјавата од Софија дека бара да има претставник во донесувањето на уставните измени, излезе со став дека се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука.
-Суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков, одговори МНР.