Пејачот Здравко Чолиќ беше, а и понатаму е дел од најголемите ѕвезди на овие простори. Тој повеќе од две децении е во брак со сопругата Александра, меѓутоа претходно по него лудувале многу познати дами, меѓу кои и една актерка.
Пејачот за својата некогашна љубов, Јасна Орнелa Бери ретко зборуваше во јавноста. Тие кога биле млади се запознале во Сараево и се вљубиле, за што деталите своевремено ги откри Јасна.
„Секогаш дел од моето срце ќе биде резервиран за него“, изјави Јасна во една емисија.
-Првпат по војната се сретнавме во Белград, тоа беше емотивна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност, а својата харизма успешно ја одржува и денес. Пред сè е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноч ми те дугује“, која сам ја имаше напишано – додаде Јасна.
-Не можам да кажам дека се забавувавме или дека бевме во врска. Тоа е посебен однос, кој и денес трае. Тоа и понатаму е љубов која не можете да ја помилувате или да ја држите за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј. Здравко Чолиќ е личност која шири позитивна енергија. Тој е харизматична личност, во неговите очи има харизма која не престанува да зрачи – истакна таа во едно интервју.