Психотерапевтката Шинејд Смит која е специјализирана за машко-женски односи и терапии со парови откри дека постои една работа која никој никогаш не треба да ја практикува во својата љубовна врска, ако сака таа да опстане.
Шинејд е во среќен брак веќе 22 години и открива како ја одржува здравата врска со сопругот, но и што е тоа кое треба да се избегнува во долготрајните романси. Таа ги предупредува паровите никогаш да не кажуваат сериозни работи во текот на нивните расправии, ако претходно не размислиле добро.
„Среде кавга тоа нема да испадне добро. Генерално секогаш си давам себеси три секунди пред да кажам нешто. Направете пауза, дури и ако таа трае неколку секунди, одлучете дали треба нештото да го кажете или не, но и начинот на кој ќе го кажете тоа“, објаснува оваа терапевтка.
Таа додава дека е важно да се знае дека секогаш ќе постојат спротивставени мислења во партнерството, но клучно е како се носите со тоа.
Шинејд открива и неколку трикови за одржување на стабила, среќа врска. На прво место таа ја става политиката на ангажирање за партнерот. Тоа значи дека кога едниот од партнерите на некојначин бара внимание и поврзаност, другиот тоа го почитува и целосно се ангажира. Практикувањето на ваквиот вид отвореност во врската им овозможува на партнерите да се зближат и да се поврзат на некое подлабоко ниво. Психотерапевтката истакнува дека е важно да постојат мали, љубезни добри дела во партнерскиот однос. Според неа, подобро е редовно да давате мало внимание. Таа советува и да се погрижите за тоа да сте свесни кога треба да сте му благодарни на својот партнер, а тоа и да му го кажете.
Шинејд укажува и на тоа дека доколку забележите оти партнерот прави нешто добро, тоа треба да му го дадете до знаење, бидејќи ова ќе ви помогне да ставите акцент на она што функционира во врската.
Последно, но не најмалку важно, е да одвоите време за неделни состаноци, без оглед на тоа колку долго сте заедно.