Седумдесет и двегодишна жена од Индијана е осудена на две години затвор поради проневера на речиси 574.000 долари од својата црква.
Мари Карсон „нелегално префрлила најмалку 573.836,59 долари“ во текот на 13 години. Во текот на овој период таа работела како деловен менаџер за католичката црква и училиштето Свети Матеј во Индијанаполис. Таа всушност, била дел од одговорните за менаџирање на парите добиени преку донации. Како резултат на тоа, нејзината голема измама била откриена дури на крајот на 2021 година откако зела отсуство, а нејзината замена воочила некои сомнителни трансфери на неповрзана банкарска сметка.
Исто така, „лудориите“ на Мари толку долго функционирале „под маса“ без проблем бидејќи таа внесувала погрешни информации во базата на црквата за податоци за следење на плаќањата. Меѓутоа, сега 72-годишната жена е упатена во федералниот затвор.
Обвинителите наведуваат дека добар дел од сумата од речиси 574.000 долари која била украдена, Мари ја користела за да се коцка во казино, а покрај тоа секоја година одела на одмор на Флорида. Со други зборови, таа буквално живеела од украдените пари. Според Обвинителството, нејзината алчност имала предност пред следењето на кривичните закони и учењето на црквата.
-Откриена е повеќе од тринаесетгодишна злоупотреба на положбата. Нејзината алчност и желба за раскошни одмори го надминале нејзиниот интерес да ги следи нашите кривични закони и учењето на црквата „не кради“ – истакнале обвинителите.