На денешната седница на Владата, определени се највисоките цени на11 производи од овошје и зеленчук. Како што објави министерот за економија, Крешник Бектеши со ова очекувањата се дека во текот на април ќе го имаме најголемото намалување на цените на основните продукти. Цените важат за сите и за маркетите и за зелените пазари. Анализата покажала дека во текот на март, цените на овошјето и зеленчукот се продавале со максимална маржа од 200-250 отсто.
Замрзнатите цени ќе важат до крајот на април и се однесуваат на домати, свежи краставици, кромид, зелени пиперки, грав, карфиол, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон.
Цени на овие 11 производи од 5 април до крајот на месецот не смеат да бидат повисоки од:
70 денари килограм домат, краставиците 75, кромидот 60, карфиолот 70, зелената пиперка 90, гравот 75 денари килограм, леќа – 110, банани – 70 денари, портокали 55 , мандарини – 60 и килограм лимони до 55 денари, објави Бектеши.
Министерот за економија објасни дека според информациите на Министерството за економија, анализите од Царинската управа излегува дека трговците со овошје и зеленчук во текот на март6 продавале со максимална маржа од 200-250 отсто. Бектеши уверува дека на 7 април кога Државниот завод за статистика ќе го објави движењето на цените, ќе покаже дека цените паѓаат и полека се стабилизираат. Неговото очекување е дека април ќе ги регистрира најголемото поевтинување.