Во куќа на улицата „Васа Кошулчева“ брoj 2 во Велес утрово во 5:10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) пронашле изгорен човек. ТППЕ за опожарената куќа добила повик утрово во 5:10 часот. Горела соба од куќата, каде што е и пронајдено изгореното лице.
Смртта на лицето за МИА ја потврдија и од Брза помош кои информираа дека кога дошле на местото на настанот нашле изгорено лице.
Како што информира за МИА Славица Панова од службата за Брза помош која во 5:20 часот била повикана на местото на пожарот, само била констатирана смрт кај лицето.
-Засега не се знае идентитетот на лицето, тоа дополнително во текот на денот треба да го утврдат екипа од Крим техника на СВР Велес, јавен обвинител и лекар од Брза помош, рече Панова.