Соодветно, правно и социјално интегрирање на трансродовите лица, побараа денеска активистите кои маршираа од Владата до Собранието.
– Законот за правно признавање на родот да биде ставен во собраниска процедура за пратениците да го изгласаат тоа што го ветиле пред да бидат избрани и онака како Европскиот суд за човекови права и наложи на оваа Влада како обврска – порача еден од учесниците на маршот.
Маршот беше организиран од страна на граѓанската иницијатива „Трансформа“ како одбележување на 31 март „Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица“. Активистите маршираа под мотото „и мојот идентитет постои“, со што всушност „Трансформа“ по петти пат се приклучува кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.
Празникот е основан од страна на активистот Рејчел Крндалд од Мичиген во 2009 година и оттогаш се одбележува на овој ден како Меѓународен ден на овие лица.