Во морето од вести од црна хроника денес, пристигна уште една. Од МВР информираат за грабеж во обложувалница во скопската населба Бутел.
-Денеска (31.03.2023) во 10.20 часот, вработен во обложувалница на подрачје на општина Бутел пријавил дека две лице со закана со оружје одземале пари. Веднаш се упатени полициски службеници на лице место и се преземат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.