Многу луѓе се соочуваат со несоница и во таква ситуација, честопати се случува веќе да сме легнати во кревет, а нашиот ум не може да се „смири“. Кога ќе дојде време за спиење, нашите мисли, грижи и планови може значително да влијаат врз квалитетот на сонот. Си поставувате прашања себеси, правите планови, а некои луѓе се соочуваат и со анксиозност.
Овие мисли кои се повторуваат може да им отежнат на луѓето да заспијат. Следен пат, кога ќе ве обземат негативни мисли поради кои не можете да заспиете, станете и запишете ги.
Иако на многумина ова може да им изгледа смешно, ако ја запишете својата листа на обврски, тоа значи дека во суштина, стресот ќе го ставите на хартија.
Докторката Кетрин Дарли препорачува да одвоите неколку минути и тоа да го направите еден час пред да сакате да заспиете.
Клиничкиот психолог пак, Елена Велш потврдува дека запишувањето на обврските и задачите има предност за менталното здравје.
„Постојат истражувања кои покажуваат дека со забележувањето/пишувањето на обврските вашиот мозок се ослободува од потребата да ги следи, а тоа е поврзана со должината и квалитетот на сонот“, вели таа.
Најдобриот доказ за тоа доаѓа од студијата која во 2018 година ја објавила Лабараторијата за невронаука и когниција за спиење на Универзитетот Бејлор. За потребите на студијата било направено истражување во кое учествувале 57 здрави студенти кои морале да завршат петминутна писмена задача пред да се впуштат во сон. Тие ги запишувале задачите кои веќе ги имале завршено, или за оние кои требало да ги завршат во следните денови.
Студентите кои ги запишувале идните задачи успеале многу побргу да заспијат, за разлика од останатите. Освен тоа, нивната листа била и многу подетална. Според ова, авторите на студијата заклучиле дека би било корисно пет минути пред спиење да потрошиме време за да ги запишеме своите мисли.
Велш вели дека ваквото истражување го следи она што веќе се знае во психологијата – ако имаме нешто што сакаме да го запаметиме и да го направиме, тоа ќе биде како „отворено јазиче“ во нашиот мозок. Тоа е таму и зазема ресурси. Пренесувајќи го тоа на хартија, ние ослободуваме дел од менталниот простор, со што нашиот мозок полесно може да премине кон режим на спиење – вели Велш.
Д-р Дарли предлага кога ќе го направите тоа да продолжите со уште една активност за смирување. Можете да читате книга, да се опуштите со пријатна музика или а се напиете топло млеко или чај без кофеин.
Извор: sensa.mondo.rs