Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство по спроведената дисциплинска донесе Решение со кое, како што информираат,„за поранешна основна јавна обвинителка за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда“ и одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување.
По ова Решение на Комисијата ММС ја побара поранешната јавна обвинителка Вилма Рускоска за коментар.
-Се уште не сум ја добила одлуката, но го очекував ова. Според професорот Калајџиев не сум сторила никаква повреда, бидејќи јас го предложив за сведок- експет, но Комисијата не го прифати. Секако и јас сум убедена во тоа. Кога ќе ја добијам одлуката имам право на жалба до Советот на јавни обвинители. Што ќе направам? Не знам. Исполнувам еден од условите за пензија, но ќе видам како ќе се движат работите па ќе одлучам, рече Рускоска за ММС.
Разговорот го искористивме да ја прашаме и за нискиот процент на доверба во судството.
-Додека јас бев шеф довербата беше над 13 процети. И овој процент е малку, тука нема дискусија, но сега е под четири. Бројката е понижувачка- да, но што да правиме. Навистина не знам што да кажам. Тоа најдобро ќе го објаснат претседателот на Здружение на судии и председателот на Здружение на обвинители, тие се најповикани да одговорат, ни рече таа.
Додека трае сето ова Рускоска ни рече дека времето го поминувала во решавање на здравствени проблеми.
-Го оперирав колкот, имам нов колк, па одам по рехабилитации. Проблем имам уште од раѓање и премногу долго чекав за да го решам. А и лекарт ми рече дека требало да се оперирам минимум пред една година. Затоа овој период го искористив за операција. Освен тоа кога ме суспендираа, пак, се занимавав и со решавање на здавствени проблеми на мајка ми, која подоцна почина. Сега сум добра, веќе одам без штаки. Здравјето е сепак најважно. Се ќе се среди, само ако го изгубиш здрвајето не се враќа, ни рече таа.
А на прашањето колку и недостасува професијата и дали едвај чека да се врати таа ни рече:
-Некако сум полна со енергија и би сакала да се вратам. Си ја сакам работата и во овој период додека сум под суспензија ги наполнив батериите, ногата ми е веќе во функција и би сакала да се вратам. И психички и физички сум подготвена да се вратам, ни рече Рускоска.
(В.М.)