Психолошката манипулација е неетички начин да го добиете тоа што го сакате, независно дали се работи за вашиот однос со партнерот, со родителите или колегите.
Понекогаш изманипулираната личност и не сфаќа дека е марионета и не е способна да каже „не“.
Една од најчестите опции за ваквото психолошко влијание е манипулацијата со чувство на сожалување. Психологот, Наталија Панфилова објаснува како манипулаторите функционираат на работното место. Кога тие се на работа, често се самосожалуваат.
За да разберете дали една личност ги манипулира другите или навистина се чувствува лошо, потребно е да подобро да ги погледнете работите. Ако цело време се жали без некоја посебна причина, тогаш треба да размислите.
„Секогаш може да разберете што се обидува една личност да направи за да се извлече од одредена ситуација. На пример, на работа, ваквата личност може постојано да се жали дека ѝ одзема многу време патувањето од домот до работното место и обратно. Но ако најдете работа во која сте задоволни од условите, тогаш и ќе ја задржите. Трудете се да пронајдете добра опција, а ако не можете да ја најдете тогаш престанете да се жалите, бидејќи тоа дополнително само ќе ве кочи.
Понекогаш, ваквите жалби се дури и преувеличени. Тешко е кога жалбите се однесуваат на здравјето – ако е јасно дека личноста е под стрес, треба да ѝ бидете поддршка. Но ако тоа е еден „бескраен процес“ во која постојано нешто ја боли и се жали дека сите околу неа се лоши, тогаш постои причина за внимателност – напоменува психологот.
Во психологијата постои фраза „огромна споредбена придобивка“. Во овој случај, манипулаторот постојано се жали и сака некој друг да се однесува како да е негов бесплатен терапевт, па така работното место го претвора во психолошки кабинет. На овој начин, манипулаторот бара претпоставениот да „затвори очи“ за лошиот извештај кој го сработил, за доцнењето, отсуствата и така натаму.
„Сето ова може да биде критично за него, ако никој не ги слуша неговите жалби“, вели психологот.
Манипулаторите се обидуваат да пронајдат друга личност која ќе може да има удел во нивните грешки. На пример, со таа личност тие сакаат да ја споделат одговорноста за она нешто кое не е во ред во нивниот живот. Ваквите луѓе за своите лоши избори никогаш не се обвинуваат себеси и секогаш вината ја наоѓаат во околностите.
Сепак, психологот наведува дека е важно да не носиме избрзани заклучоци. Доколку личноста сака својата одговорност да ја префрли на друг и се обидува да глуми жртва без јасна причина, можно е таквиот манипулатор да сака да ве вплетка во неговата замка. Но, сепак потребно е добро да ја процените ситуацијата, бидејќи личноста можеби е искрена во намерата да побара помош и треба да бидете тука за неа.
Доколку во сето ова препознавте некој од вашите колеги, најдобро е да бидете отворени и да му укажете дека сте свесни за неговите игри на работното место. Доколку е неопходно да комуницирате со таквата личност, замолете ја да биде професионална и имајте само деловни разговори.
Извор: sensa.mondo.rs