Дваесет и тригодишен жител на Делчево заработил кривична пријава за уцена. Тој ѝ се заканил на поранешната девојка дека ќе објави експлицитни видеа со неа, направени во време додека биле во врска. Девојката го пријавила во Полиција.
„На 25.03.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Делчево, 20-годишна девојка пријавила дека М.З.(23) од Делчево, со кого претходно била во љубовна врска, ја уценувал и ѝ се заканувал дека ќе објави експлицитни видео материјали кои ги имал направено додека биле заедно,“ информираат од СВР Штип.
По комплетирање на случајот против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава.