Луѓето кои имаат емпатија се чувствителни, тие сочувствуваат со другите, ги разбираат нивните чувства и се подготвени да ги облечат „туѓите чевли“. Исто така, овие луѓе имаат високо ниво на емоционална интелигенција, а поради тоа, тие лесно може да ги разоткријат и да ги разберат емоциите на оние околу нив.
Дали некогаш сте поминале време со некој кој на прв поглед изгледа како да е пријателски настроен, но во негова близина се чувствувате негативно и тешко комуницирате? Кај емпатите има некоја силна интуиција која им помага да ги откријат намерите на останатите, дури и кога тие на себе имаат „маска“. Меѓутоа, емпатите се чувствителки и тие често ги игнорираат своите чувствува, па тогаш им даваат шанса дури и на оние кои тоа не го заслужуваат.
Кои особини и однесувања на другите луѓе може лесно да бидат препознаени од страна на емпатите?
-Некој кој сака сите да го сакаат и лажно е љубезен за да добие универзално признание и одобрување.
-Луѓе кои се исполнети со омраза или бес, но упорно се обидуваат да го убедат светот во спротивното.
-Луѓе кои доживеале силен негативен емоционален шок, но се обидуваат да ги компензираат своите проблеми преку понижување и манипулирање на останатите.
-Луѓе на кои им ласка кога другите имаат пријатен впечаток за нив.
-Некој кој користи туѓи или измислени приказни, со цел да изгледа интересно.
Во комуникацијата искреноста е пресудна, но важна е и искрената љубезност. Затоа, кога ќе бидете во друштво на луѓе кои ви ја црпат енергијата, обидете се да воспоставите граница и јасно дадете им до знаење што е тоа што не ви годи. Без оглед дали другите се искрени, вие секогаш имате избор како да постапите.
Извор: sensa.mondo.rs