Една жена се соочила со негативни реакции од нејзиното семејство, откако на родената сестра ѝ забранила да присуствува на нејзината свадба. Причината за тоа, бил фактот дека сестра ѝ изгледала многу добро. Идната невеста изјавила дека не сакала на нејзиниот голем ден да биде засенета од сестра ѝ – пишува Mirror.
Жената всушност отсекогаш била љубоморна на сестра си за која сите мислеле дека е многу убава, а на чија венчавка таа дури била кума. Меѓутоа, сега кога таа решила да се мажи, на својата сестра ѝ забравила да присуствува на свадбата бидејќи не сакала луѓето да ја споредуваат со неа на нејзиниот најважен ден
Обраќајќи им се на корисниците на Reddit, жената додала дека нејзината сестра не ѝ се налутила затоа што ѝ било забрането да дојде на свадбата. Нивните роднини сепак сметале дека ваквата постапка е груба.
„Многу размислував за тоа и одлучив дека нема да ја поканам на мојата свадба. Само сакав еден ден во кој нема да стоиме една покрај друга, додека не споредуваат. Сакав да бидам онаа убава жена која стои на олтарот на својот важен ден. Генерално, јас прифатив како изгледам, но помислата дека сите би гледале во неа на мојата свадба, едноставно ми го кршеше срцето“, напишала во својата објава жената која сакала да остане анонимно.
Потоа таа објаснила дека со години била на терапија поради проблем со самодовербата, но признава дека целата таа несигурност сега исчезнала. Родена е со деформитет поради кој лицето не ѝ било добро формирано, но таа се обидува со тоа да се носи најдобро што може.
„Кога ѝ објаснив како размислувам, таа почна да плаче. Не ми се налути, но рече дека е повредена. Јас ја разбирам, но сепак и таа мене мора да ме сфати“, потенцирала жената.
Нивните родители се согласиле дека тоа не е добра одлука и дека не е во ред што така ја повредила сестра си. Но откако разговарала со партнерот, жената одлучила дека сепак нема да има свадба, а потоа ѝ се извинила на својата сестра бидејќи дозволила нејзината несигурност да застане меѓу нив.