Во Битола утре вечер со почеток во 19 часот на плоштадот Магнолија, под мотото „Сите сме Јана“, „Правда за Јана“ ќе се организира протест за смртта на шестгодишната Јана, со цел да се укаже на состојбите во македонското здравство, вината да не се насочува кон родителите, туку одговорноста да се бара на вистинското место.
Повикот за протест е објавен на Фејсбук во статусот на Игор Петковски, кој напиша:
Низ времињата наназад сум водел многу заеднички битки со вас драги браќа и сестри битолчани, НО ова ми е најтешка,најемотивна и неопишливо жална и болна….
Битката за барање #ПравдаЗаЈана која однапред знаеме дека институционално ја губиме не претставува битка на која треба да застанеме и да го кажеме добро познатото тридецениско “ТОА Е”
Туку да се обединиме,да се видиме сите Среда 29.03 на плоштад Магнолија во 19:00 часот, да кажеме заедно сме посилни, дека нашиот кренат глас е наше право,тоа е наша појдовна точка од која треба јасно и гласно да кажеме ДОСТА Е!
ДОСТА Е од прерано заминатете чеда!
ДОСТА Е од негрижата!
ДОСТА Е од нефункционалноста на медицински апарати!
ДОСТА Е од редиците и безредието!
ДОСТА Е од третманот-МОЈ ЧОВЕК!
ДОСТА Е од плати па ДОБИЈ!
ДОСТА Е од нестручноста!
ДОСТА Е од меѓусебните нарушени меѓучовечки односи и неколегијалноста!
ДОСТА Е од партизацијата!
ДОСТА Е од лошите услови!
ДОСТА Е од нехигиената!
ДОСТА Е од силеџискиот и немил однос спрема пациентите!
ДОСТА Е од префрлање на вината кон пациентите!
СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА КАЖАНО:
ДОСТА Е ОД КОПЛЕТНО НЕФУНКЦИОНАЛНОСТ НА ЗДРАСТВЕНИОТ СИСТЕМ!!!
БАРАМЕ:
1.ПРАВДА ЗА ЈАНА-ВЕДНАШ!
2.ОСТАВКИ-ВЕДНАШ!
3.РЕФОРМИ-ВЕДНАШ!
https://www.facebook.com/reel/1635680703545000
Јана почина минатата недела само четири часа откако била примена на Детското одделение во Клиничката болница Битола. За причините за смртта засега само се шпекулира. Нејзиниот татко за медиумите изјави дека Јана нема да се вратги, но ако со ова спасат уште некое дете целта е постигната.