На познатиот холивудски актер пред повеќе од 10 години му беше дијагностициран дијабетес тип 2 – најчестиот облик на оваа метаболичка болест.
Хенкс еднаш во емисијата на Дејвид Летерман изјави дека веќе некое време се борел со висок шеќер во крвта.
„Отидов на лекар и тој ми рече: Знаеш оној висок шеќер во крвта со кој се бориш од 36 години? Па, доби дијабетес тип 2“, рекол познатиот актер.
Двократниот оскаровец призна дека самиот е одговорен за својата болест, бидејќи не се грижел за своето здравје, како и за исхраната и тежината.
„Испаднав дека сум тотален идиот. Пред три години ми беше дијагностициран дијабетес тип 2 поради големите флуктуации во мојата тежина. Болеста кулминираше кога работев на филмовите „Прогонство“ и „Филаделфија““, изјави еднаш актерот.
„Ме гледавте во филмови, како изгледав. Вистински дебел идиот. Мислев дека можам да го избегнам ова со отстранување на лепчињата од моите чизбургери, но ми требаше повеќе од тоа. Лекарите велат дека ако продолжам да ја одржувам посакуваната тежина и продолжам да се хранам здраво, нема да имам потреба повеќе да земам инсулин“, рече Хенкс.
Постојат два типа на дијабетес. Тип 1 е ненадејна болест и се препознава со големо губење на тежината. Дијабетес тип 2 се јавува кога телото не произведува доволно инсулин или едноставно не реагира доволно добро на инсулинот, пренесува Нова.рс.