Берово важи за воздушна бања и за еден од најеколошките градови во државава.
Но, ако се суди според написот на Фејсбук, урбаната мафија и таму пуштила прсти.
Дарко Вакански од Берово на својот Фејсбук профил објави фотографии од уништување на борова шума во овој град.
Тој напиша:
-Има ле капетан на бродот? Толку ле си го мразиме Берово, не ми е јасно. Никој да не превземе одговорност за уништувањето на убавините со кои наводно се фалиме. Дали се прашувате некогаш што оставате на генерациите после вас. Засрамете се сите, напиша Вакански и објави фотографии од уништувањето на природното богатство во овој град.
ММС се обиде да стапи во контакт со градоначалникот на Оптина Берово, Звонко Пекевски, но тој не одговори на нашиот телефонски повик.