Руперт Френд (41) е успешен холивудски актер, а неговата љубовна приказна би можела да биде еден од најубавите филмови некогаш снимени.
На прв поглед, секој би рекол дека е лесно да се заљуби во Ејми Малинс (47), убава русокоса, но нејзиниот недостаток е она што ја прави посебна, пренесува курир.рс.
Ејми е родена без фибула коска во потколеницата, поради што и биле ампутирани двете нозе само една година по раѓањето. Докторката потоа им кажала на нејзините родители дека нивната ќерка никогаш нема да оди или да живее самостојно.
Меѓутоа, докторката згрешила, бидејќи не само што одела, туку станала и успешна спортистка, а во 1996 година го имала првото појавување на Параолимписките игри во Атланта.
Професионалната спортска кариера ја заврши во 1998 година и започна со нова – манекенството. Нејзината личност и убавина го воодушевија дизајнерот Александар Меквин.
Модниот гениј сакаше да испраќа неконвенционални модели на пистата и ја шокираше публиката кога Ејми се појави на неговото шоу за модната куќа Живанши со резбани дрвени протези направени специјално за таа пригода.
Не долго после тоа, таа се испроба во актерството и го сними својот прв филм “Cremaster 3” во 2002 година.
На крајот, нејзината актерска работа ја зближила со Руперт. Во мај 2013 година, тие договорија средба поврзана со идниот филмски проект на Руперт и се сретнаа во 18 часот во мало бистро во Њујорк.
„Во еден момент ни дојде келнер и ни рече: Извинете, но ќе морам да ве замолам да си одите. Го погледнавме и прашавме: Зошто? Затоа што е четири наутро и затворивме пред еден час. Немавме поим дека се толку многу часови. Цела вечер не бевме свесни за ништо околу нас. Тоа беше прекрасен, возбудлив разговор помеѓу два интензивно љубопитни ума на многу различни теми.
Не се ни сеќавам дека во еден момент помислив дека е сладок. Меѓутоа, следниот ден ми испрати неколку пораки и инсистираше да се видиме што поскоро, а договоривме вечера која започна во 18 часот и овој пат траеше до 05:30 часот. Шетавме низ населбата барајќи места кои се уште беа отворени. Не сакавме да бидеме одвоени еден од друг. И така е секој ден од 1 мај 2013 година“, открила Ејми.
Двајцата се венчаа на 1 мај 2016 година. Таа не сакаше веренички прстен, но идејата не му се допадна на нејзиниот татко Брендан. Ако нема прстен, нема свршувачка, и порача на заљубениот пар. Иако била против, умниот Руперт го послушал татко и и купил прстен за својата сакана.
„Мислам дека ќе бидеме скандалозни и ќе направиме мала свадба затоа што ми се појавува осип само размислувајќи да планирам свадба. И онака секогаш се подготвуваме за црвениот тепих, па не сакам некој посебен фустан, торта и голема забава. За моја среќа, не го прави ниту Руперт“, изјави Ејми по свршувачката.
Тие го одржаа зборот и направија навистина скромна венчавка. Освен младенците, на церемонијата беа присутни само кумовите, а еден од нив беше најдобриот пријател на Руперт.
„Се венчавме на прекрасна фарма. Врнеше. Беше совршена свадба. Потоа отидовме на базен“, рече Руперт минатата година на ТВ „Во живо со Кели“.
Кога не работат, секој слободен момент го користат да патуваат или да го поминат времето во мир во нивниот дом, кој се наоѓа во зградата на стара фабрика за чевли.