Уште еден случај од Битола денес ја потресе јавноста. Битолчанец тврдел дека во кафуле побарал вода и откако се напил голтка му се слошило, па бил пренесен во болница во Скопје.
Информацијата ја потврдија и од МВР.
-На 21.3.2023, околу 15.30 часот, во СВР Битола, Л. Б. од Битола пријавила дека на нејзиниот брат А. Т. (42) од Битола му се слошило откога испил кафе и вода во угостителски објект во Битола по што бил пренесен и задржан во Клиничката болница во Битола. А. Т. испил кафе и побарал пакувана вода, а кога ја испил течноста, му се слошило. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата, информираат од МВР