Разликите на плати за вработените во областа култура е и по 10.000 денари, додека речиси 70 отсто примаат под просечна плата. Поради тоа, вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради, како што објавија, „своите недостоинствени месечни примања“.
Протестот е закажан за денеска во 10 часот, пред Министерството за финансии.
-Вработените во овие три институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се зголемија за 30%, реагира Синдикалната организација при Министерството за култура.