Дали околу себе оставате неред и користите пцовки? Веројатно цел живот ве осудуваат поради ваквите навики, но студиите всушност покажаа дека тие се карактеристични само за интелигентните личности.
Додека неуредноста, доцното будење и пцовките се карактеристики кои често се поврзуваат со мрзеливост, овие навики се показател за остар ум ивисока интелигенција – пишува Curious Mind Magazine.
Неуредност
Некои луѓе сметаат дека неуредноста значи неорганизираност и намалена продуктивност, но еден психолог од Универзитетот во Минесота открива дека луѓето кои имаат неуредни соби всушност се поинтелигентни. И навистина, кога вашиот ум се занимава со големи работи, грижата за уредноста е на последно место. Значи, неуредната соба значи дека сте многу креативна личност.
Доцно будење
Кога останувате будни до доцна и морате рано да станете за работа, тоа значи дека веројатно секогаш сте уморни и поради тоа ве доживуваат како мрзелива личност.
Се работи за тоа, дека овие луѓе имаат поразличен биоритам и она што е интересно е дека научните пронајдоа врска помеѓу биоритамот на луѓето и нивото на интелигенција. Студија објавена во списанието Psychology Today открива дека луѓето кои остануваат будни до доцна во ноќта и се будат подоцна, а не рано наутро, имаат поголема интелигенција.
Пцовки
Пцуењето отсекогаш се сметало за лоша карактеристика, а луѓето кои користат пцовки се доживуваат како непристојни.
Меѓутоа, студија спроведена на Марист колеџот во Њујорк го откри спротивното – луѓето кои често пцујат се поинтелигентни и имаат подобри ораторски вештини. Освен тоа тие се поискрени бидејќи пцовките се поврзани со искрените емоции.