Светот на онлајн запознавањето е возбудлив, но и полн со непознаници и знаци за предупредување. За жал, некои од проблематичните карактеристики на луѓето со кои се запознавате на овој начин, може да излезе на виделина кога веќе ќе биде предоцна.
Во продолжение ви пренесуваме една таква приказна:
Џеклин Клер Адис (33) во 2018 година била обвинета дека му пратила 65.000 пораки на маж со кој само еднаш биле на состанок. Кога еден новинар ја прашал дали навистина пратила толку многу пораки, таа одговорила:
„Тоа е сè? Мене ми се чинеше дека се многу повеќе“.
Како што пренесува Вашингтон пост, новинарите ја прашале Џеклин дали мисли дека тоа е малку претерано.
„Љубовта е полна со претерувања“, одговорила таа.
Џеклин рекла дека знаела оти нејзините изјави се залудни, но сепак стоела зад сè што кажала.
„Ако сака да одам во затвор, би требало да бидам во затвор. Го почитувам тоа. Тој е светлост, јас сум љубов. Тој знае што треба да прави и јас ги почитувам правилата“, изјавила Џеклин за медиумите.
Таа го запознала „несреќниот“ човек на веб страница за онлајн запознавање. Тие двајца отишле на еден состанок во јануари 2017-та година, а потоа почнало вознемирувањето. Полицијата првпат интервенирала во јули, кога мажот пријавил дека Џеклин го вознемирувала со текстуални пораки. Сепак, таа цели 17 месеци му праќала пораки, а понекогаш дневно му праќала дури и до 500 смс пораки.
„Никогаш не се обидувај да ме оставиш, ќе те убијам, не сакам да бидам убиец“, гласи една од испратените пораки – се наведува во полицискиот извештај.
Оттука сосема логично е што овој човек бил загрижен за својата безбедност. Тогаш тој изјавил дека е надвор од земјата, но дека сепак ќе биде загрижен за својата безбедност кога ќе се врати. Човекот ја блокирал Џеклин на апликацијата за запознавање, но тоа можеби било голема грешка. Таа тоа го сфатила како знак да се пресели од Флорида во Аризона, близу до местото каде што тој живеел.
„Му реков дека ќе се преселам во негова близина ако некогаш ме блокира на оваа апликација. Тој ме блокираше, па дојдов овде“, рекла жената во изјавата за медиумите.
Потоа во 2018 година таа скришно влегла во неговиот дом и се избањала во неговата када. Во тој момент, човекот бил надвор од градот па решил да го провери системот за надзор на куќата, по што ја забележал Џеклин како се бања во неговиот дом. Повикал полиција и кога полицајците пристигнале ја уапсиле.
Полицијата исто така била повикана на работното место на овој човек, кога Џеклин се појавила со тврдење дека е негова сопруга.
Неговите колеги подоцна изјавиле дека таа се однесувала нерационално, по што била уапсена под обвинение за закана и вознемирување.
„Се чувствував како да сум ја запознала својата родна душа и сè беше онака како што беше.. Мислев дека ќе го направиме она што сите го прават и дека ќе се венчаме, но тоа не се случи“, изјавила Џеклин.
На прашањето дали е луда, таа едноставно рекла:
„Не, јас сум само личност која ја откри љубовта“.
Џеклин немала право на кауција, а потоа во 2020 година е откриено дека обвиненијата против неа се отфрлени. На експертите за ментално здравје во 2019 им било дозволено да ја проценат нејзината ментална способност за тоа дали таа целосно ги разбрала обвиненијата против неа. Утврдено било дека оваа жена е ментално неспособна. Потоа, таа е вратена на флорида, каде нејзините родители ја пратиле на лечење. Исто така, добила забрана за каков било контакт со мажот кој бил прогонуван од неа.