„Зеленски“ разговараше и направи видео снимка од разговорот од директорката на Европската централна банка Кристин Лагард. Шегаџиите и’ сместија на Лагард, која верувајќи дека зборува со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, искрено признава дека инфлацијата во еврозоната расте, Русија се покажа отпорна на санкциите, а од нив најмногу настрадаа руските соседи, членки на ЕУ, земјите од Балтикот, кој се соочија со највисока инфлација.
Лагард и’ оддаде признание на претседателката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, за која рече дека лично ја знае, за брзата интервенција и држењето на економските текови, пред се’ инфлацијата, под контрола.
Зборувајќи за поддршката за Украина од страна на државите, Лагард прави геополитичка анализа и улогата на Турција, за која како што рече игра „фина игра“, со тоа што кажа дека нема да го прифати барањето на Шведска и Финска за влез во НАТО.
Лагард кажува дека заемите од ММФ за Украина во времето на претседателот Петро Порошенко завршија во нечии џебови во Киев.
-Имаше многу чудни ликови кои ја злоупотребуваа ситуацијата, кои имаа свои мали армии“, вели Лагард.
Вован и Лексус Владимир Кузнецов (Вован) Алексеј Столјаров (Лексус) до сега успееја да „разговараат“ повеќе светски државници, претседатели, премиери, челници на важни институции, претставувајќи се под лажни идентитети. На листата на пранкерите се претседателите на Франција, Турција и Црна Гора, Емануел Макрон, Реџеп Тајип Ердоган и Мило Ѓукановиќ, косовскиот и црногорскиот премиер Рамуш Харадинај и Душко Марковиќ, некогашните ЕУ функционери – првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини
Од Македонија на листата на Вован и Лексус се најде и поранешниот премиер Зоран Заев, со кого пранкерите разговарале два пати – еднаш претставувајќи се како Петро Порошенко, поранешниот украински претседател и активистиката Грета Тунберг.