Освен што ги замрзна цените на јајцата и оризот, Владата на денешната седница го ограничи извозот и количините до 80 отсто од тие што биле пласирани во маркетите во јануари – февруари, треба да останат дома.
Ова беше соопштено на денешната прес конференција, каде министерот за економија Крешник Бектеши појасни дека цената на јајцата останува на нивото од 8,5 денари до 9,8 за јајце, во зависност од големината. На прашањето за колку треба да биде замрзната цената на оризот, Бектеши не даде прецизен одговор, но рече дека е „како производствена цена на 15 март“.