Дваесеттите години од животот се навистина збунувачки. Тоа е период кога повеќето млади се обидуваат да најдат баланс помеѓу детето во себе и својата возрасна верзија.
Во овој период почнуваме да развиваме подлабоки емотивни односи. Љубовните проблеми пред кои сме исправени ни се чинат големи, а кога ќе дојдеме во подоцнежните години, сфаќаме дека тоа и не било нешто толку сериозно.
Во продолжение, прочитајте кои се класичните љубовни врски кои ги правиме во дваесеттите, а потоа во текот на животот сфаќаме дека од нив сме научиле вредни животни лекции.
Остануваме во токсични односи
Веројатно барем еднаш во животот сте се нашле во врска која едноставно е осудена на пропаст. Тоа се оние односи кои се темелат на погрешни вредности. Во дваесеттите години многу поважна ни е физичката привлечност, наместо довербата и длабоката интимна поврзаност. Кога ќе дојдеме во посериозни години, се учиме да се ставиме себеси на прво место, но и да ги избегнуваме ситуацијата кои потенцијално би можеле да не повредат.
Ни недостига трпение
Во дваесеттите години сакаме сè да направиме во исто време. Наивно веруваме во љубов на прв поглед и не сфаќаме дека секој однос бара некакво одрекување. Односот е „проект“ на кој луѓето треба макотрпно да работат, а тоа го сфаќаме дури во триесеттите.
Привлечноста како критериум за бирање на партнерот
Во дваесеттите години сосема е нормално да не ја планираме далечната иднина. Оние кои ни ја даваат сета своја љубов на данка може да ни се чинат здодевни и непривлечни. Љубовта во овој период од животот понекогаш знае да остане на ниво на игра топло-ладно, а токму тоа може најмногу да не повреди.
Им дозволуваме на другите да влијаат на нашиот однос
Во позрелите години знаеме кои информации можеме, а кои никако не смееме да ги споделуваме со другите луѓе кога е во прашање интимниот живот. Во овој период од животот нашиот љубовен однос е многу транспарентен и токму поради тоа, е подложен на разни проблеми.
Ги занемаруваме пријателите поради врската
Многумина ќе се согласат дека ова е една до најчестите грешки кои младите луѓе ги прават кога ќе се заљубат. Тоа се ситуации кога пријателствата страдаат, а подоцна во животот сепак сфаќаме дека треба да бидеме посветени на секој однос.