Во текот на денешниот ден се очекува полицијата да излезе со информации за акцијата што ја спроведе синоќа во Скопје. Засега е познато дека се апсеа осомничени за продажба на дрога по улиците.
Како што се дознава, меѓу приведените е и учителка од скопско училиште.
Присуството на дрога меѓу младите е проблем со кој се соочува полицијата, но и целата заедница. Според актуелните истражувања, дрогата, особено амфетамините, не е присустна само во местата на забава, туку често ја има и во и околу училишните дворови.