Реномираниот филмски режисер, Лучино Висконти во седумдесеттите години од минатиот век трагаше по совршениот убавец кој би ја играл главната улога во неговиот филм „Смрт во Венеција“. Кандидатот мораше да има заносен изглед и всушност, Висконти не бараше жена, туку момче адолесцент. Тој го пронајде она што го бараше во петнаесетгодишниот Бјорн Андресен од Шведска.
Една година подоцна, на светската премиера на филмот во Лондон, Висконти го прогласи Андресен за „најубаво момче на светот“.
Андресен преку ноќ стана супер ѕвезда, но неговата слава истовремено му стана и „ноќна мора“.Можеби титулата „најубаво момче“ беше пред сè маркетиншки трик, но за Андресен беше камен околу вратот.
Tadzio ( Bjorn Andersen-Death in Venice) pic.twitter.com/CHMTbAFMBZ
— Αναστασία Τ. (@aranjuez66) May 10, 2018
Како што беше откриено во документарниот филм „Најубавото момче на светот“ кој детално го опишува неговиот трагичен живот, Андресен би бил многу посреќен доколку никогаш не го запознаел Висконти кој цинично ја искористувал неговата младост, но исто така и неговиот изглед.
Документарецот отвора вознемирувачки прашања за етиката поврзана со снимањето на филмот кој стана култен геј филм. Висконти кој и самиот бил геј, изјавил дека екипата со која го снимал филмот ја сочинувале генерално хомосексуални. Но Андресен не бил хомосексуалец, а дури и да бил, тој имал само 15 години кога ја поминал аудицијата.
Тој бил премлад и набргу станал „трофеј“ за богаташите кои го опсипувале со скапи подароци. Андресен бил срамежлив сирак чија баба била зависна од неговата слава, па многумина не верувале дека таа вистински го заштитува.
Тој поминал години борејќи се со депресијата и алкохолизмот. Сега живее сам во „беден“ стан, расправајќи се со луѓето, постојано раскинувајќи ги љубовните врски, а како што пренесуваат медиумите понекогаш е и во „невоља“ со сопственикот на станот.
„Смрт во Венеција“ беше филм кој денес би било тешко да се сними во Холивуд. Андресен пак, денес има 66 години и се уште изгледа прекрасно. Меѓутоа, документарецот открива дека тој доживеал трагедија неколку години пред да го запознае Висконти.
Трагичното детство му било обележано со тоа што неговата мајка никогаш не му кажала кој му е биолошки татко. Тој се сеќава дека неговата маја немо гледала низ прозорецот и самата на себе си зборувала дека ќе се спаси кога тој ќе порасне.
По извесно време таа се самоубила, по што Бројн заминал за Стокхолм за да живее со баба му и дедо му. Тој сакал да свири пијано и актерството воопшто не го интересирало, но неговата баба имала поинакви планови за него и сакала по секоја цена тој да стане позната личност.
Пред „Смртта во Венеција“ тој веќе се појавил во филм, односно во шведска романтична драма во 1970-та година, а за улогата бил платен 4000 долари.