Тренерот на Карате клубот Штип Сашко Арсовски, ја повика Карате федерацијата на Република Северна Македонија (КФРСМ) да ги поправи грешките кон неговиот клуб и приложи одлука од Комисијата за заштита и спречување од Дискриминација (КСЗД), според која е направена штета на клубот.
– Со оглед на фактот дека нашите спортисти се веќе неколку пати ускратени со правото да рамноправно го изборат своето место во репрезентативните состави за што како причина ги наведуваме лошите правилниците кој ја уредуваат начинот за стекнување на статусот репрезентативец . Токму овие правилници се причина поради која дојдовме во директни судири со раководни структури заради штетите кој нашиот клуб ги претрпе во изминатиот период, но за жал не најдовме на разбирање и бевме принудени да се спротивставиме на ваквите решенија а во функција на заштита на спортистите и клубот кој поради неправдите се повеќе почнаа да се чувствуваат со откажување на нашите врвни спортисти за кој трпеливо и посветено ги трениравме и доведовме до врвно натпреварувачко ниво.
Желбата да се разбере и промени ваквата состојба не примора да се обратиме до Комисијата за заштита и спречување од Дискриминација ( КСЗД ) со цел да ги натераме на одговорност стручните лица во КФРСМ при предлагање и носење на Правилници кој се важно зачение на клубовите и спортистите.
Бевме во право Да со вашите лоши решенија федерацијата Дискриминира спортисти , тренери и клубот . Ова е мислење на КСЗД каде во едно детално образложение донесе и Препорака да се надминат и не повторат вакви и слични состојби кој се против законски, стои во соопштението на КК Штип.
Од таму ја повикуваат КФРСМ да ги исправи сторените грешки, како предуслов да се надминат штетите кон нивниот клуб.