Лијам Нисон ја загуби својата сопруга Наташа Ричардсон во трагична несреќа при скијање во 2009 година. Нивната врска беше како од соништата, а нивниот брак многумина го сметаа за еден од најубавите во Холивуд.
Откако остана без својата сакана, тој јавно говореше за тагата која ја чувствувал по нејзината смрт, а сега призна дека мајката на Наташа, познатата актерка Ванеса Редгрејв, му помага во родителството.
Наташа Ричардсон и Лијам Нисон се запознале во 1993 година додека заедно работеле на една претстава во Даблин. Тие се вљубиле и веќе следната година се венчале. Нисон открил дека ја „грабнал“ додека живеел во Австралија, а по склучувањето на бракот добија два сина – Мајкл и Даниел.
Во јавноста се гледаше дека нивната меѓусебна поврзаност е многу силна.
Во 2009 година, за жал Наташа доби тешка повреда на главата за време на скијање и неколку дена подоцна таа почина, а Нисон тоа многу тешко го поднесе.
„Разговарам со неа секој ден на нејзиниот гроб. Често одам таму па разговарам со неа како да е овде“.
Денес актерот е многу близок со својата тешта, Ванеса Редгрејв. Познатата актерка неодамна наполни 86 години. По загубата на ќерка си, таа и понатаму одржува убава врска со Нисан.
Тој секогаш зборува за нејзиниот талент и посветеноста кон работата, а и таа отворено му упатува пофалби.
Додека тој е отсутен, токму Ванеса се грижи за семејството.
„Имам прекрасен тим за поддршка. Ако сум отсутен поради некој проект, кај мене се вселува мојата тешта“, откри актерот.
Смртта на неговата сопруга не е единствената трагедија која му се случи. Само еден ден пред својот 68-ми роденден тој остана без својата мајка.