Вчера се одржа венчавката која долго ќе се памети во арапскиот свет – се омажи ќерката на кралицата Ранија и кралот Абдула од Јордан.
Младата принцеза Иман бин Абдула се омажи за својот свршеник Џамил Александар Термиотис, со кого се сврши во август минатата година.
Кралицата Ранија им честиташе на ќерката и зетот за венчавката на својот Инстаграм профил и ѝ порача на Иман дека ѝ посакува многу љубов, радост и смеа.
Таа ѝ упати порака на својата ќерка и преку видео обраќање:
„Моја драга Иман, ова не е збогум бидејќи ти секогаш си во моето срце и моите мисли. Бог нека те благослови“, истакна Ранија.
Иман за венчавката одбра венчаница како од бајките и ги воодушеви жените ширум светот. Својата едноставна, но романтична фризура ја покри со долг превез. Ранија пак, одбра фустан со неутрална боја и уште еднаш покажа зошто според многумина, таа е неприкосновена кралица на стилот.
Исто како и својата мајка, и Имам дипломираше на Универзитетот Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон. Освен што е научник, таа е и спортистка, но и вљубеничка во модата. Ранија претходно често истакнуваше дека ѝ е исклучително важно да биде добра мајка.
Она пак, што се знае за Џамил Александар Термиотис (29) е дека е роден во Венецуела, а неговото презиме говори дека има грчка крв. Тој студирал бизнис администрација и почнал да работи во финансискиот сектор во Њујорк.