Гледачите на Оскар беа изненадени од однесувањето на познатиот британски актер Хју Грант за време на интервјуто на црвениот тепих пред доделувањето на Оскарите.
Тој бил интервјуиран од плус сајз моделот Ешли Греам, а не се ни обидел да сокрие дека повеќе би сакал да биде на друго место.
Тој одговараше на нејзините прашања мрзливо и незаинтересирано. Кога таа го прашала дали навива за некого, тој одговорил дека не навива за никого конкретно, а на прашањето што носи тој одговорил – одело.
Греам на шега го прашала кој го изработил неговиот костум, но Грант не сакал да зборува и мрзливо одговорил дека не може да се сети на кројачот.
Однесувањето на актерот беше осудено на социјалните мрежи, а згрозените коментатори напишаа „Хју Грант е кретен“, „Каков кретен“, „*упак“, „Ми се гади“…