Повеќе од 40 камиони и автомобили денеска се судрија на километар 26 од автопатот М1, од страната што води кон излезот од Будимпешта, најверојатно поради песочна бура.
Веднаш по судирот избувнал пожар. Според првичните податоци, во несреќата изгореле 19 возила, а повредени се вкупно 36 лица, од кои едно се здобило со повреди опасни по живот. Тринаесет лица се здобиле со тешки телесни повреди. Автопатот е затворен во двата правци.
Засега нема официјални причини за несреќата, но според првите информации во моментот на судирот имало песочна бура на автопатот, која може значително да ја намали видливоста.
Според сликите од местото на настанот, дури и кога започнала спасувачката акција, во областа имало голема прашина.
На местото на настанот се испратени бројни сили на пожарникари, полиција и брза помош. Како што јави М1 вести, таму пристигнале десет амбулантни возила и три хеликоптери.
Од полицијата известуваат дека несреќата се случила околу 14 часот и 25 минути, а во неа учествувале пет камиони и 37 автомобили, пишува Нењс.ро.
Според првичните податоци, во несреќата изгореле 19 возила, а повредени се вкупно 36 лица, од кои едно се здобило со животно загрозувачки повреди, а 13 лица се здобиле со тешки телесни повреди, пренесува Нова.рс.