Вчера започна традиционалниот саемот за венчавки во хотелот „ Александар Палас“, кој ќе трае три дена, абеше понудена богата програма.
На пистата прошетаа многу познати личности облечени во венчаници и костуми. Предвидени се неколку индивидуални ревии, а посебен сегмент е биде и приказот на соодветни фризури и шминка за идните невести.
На сцената има познати мејкап артисти кои презентираат и делат совети за совршен изглед за големиот ден. За првпат во Македонија имаме и презентација на моден дизајн во 3д форма.
Најголемата забава за идните невести е прошетката низ трите хали во хотелот каде најдобрите дизајнери, декоратери, фотографи, ресторани и се што е потребно за организација на големиот ден ќе го изложат на простор од 2000м2.
Погледнете како беше вчера на отворањето: