Моделот Кара Делевињ откри дека нејзините проблеми со злоупотреба на супстанци почнале уште во ранто детство, а кулминирале со нервен слом кога имала 15 години. Во разговор за магазинот Вог, триесетгодишната манекенка и модел, признава дека првпат се опијанила кога имала седум години.
„Се разбудив со мамурлак во куќата на мојата баба, во фустан за старосватица“, се сеќава таа.
Кога имала десет години ѝ биле препишани таблети за спиење во обид да се избори со својата несоница, а во тинејџерските години ѝ била дијагностицирана диспраксија, невролошка состојба која влијае на физичката кондиција.
Карла наведува дека многу бргу почнале и нејзините проблеми со менталното здравје и самоповредувањето, додавајќи дека пробала и разни терапии во обид да се избори со тоа. На 15 години доживеала нервен слом како резултат на се’ она со што не се соочила навреме, па тоа испливало на површина.
Сеќавајќи се на тој период, таа додава: „Бев на лекови и тоа едноставно, ми го спаси животот“.
Оваа позната манекенка признава дека имало и момент кога главата си ја удирала во дрво за да се повреди. Потоа ѝ биле препишани низа таблети поради тоа што размислувала да си го одземе животот.
Кара имала проблематично детство гледајќи како нејзината мајка се бори со зависност од хероин. Таа понекогаш се селела од куќата бидувајќи се да ги заштити своите деца и да не ги гледаат нејзините фази од борбата со зависноста.
Мајката на Кара, Пандора неодамна изјави: „Или си зависнисник, или не си. Јас сум. Параноична сум во во однос на тоа дали девојките можеби премногу ќе пијат или ќе земат дрога. Зборувам со нив и тие вообичаено велат дека се добро и дека не се зависници“.
Ваквата нестабилност на Пандора, сериозно влијаела врз Кара.
Претходно таа изјавила: „Бев негувано дете и сакав да сум сигурна дека сите се добри. Не се чувствував лошо во врска со тоа, но кога ќе размислам си помислував дека можеби не смееле да ме стават во таква позиција“.
Бегството од ваквата ситуација на Кара ѝ било овозможено преку Сара Дукас од модната агенција Сторм која ѝ предложила да се обиде пред камера. Иако всушност и самата сакала да стане актерка. Кара буквално преку нќ станала многу успешна како модел. На 20-годишна возраст, со своите карактеристично густи веѓи и необични црти на лицето, таа веќе беше исклучителна ѕвезда.
Сепак, подоцна призна: „По неколку години во модниот свет, сфатив дека манекенството не е добро за мене ниту физички ниту психички и дека треба да пробам уште различни работи. Не е се во парите. Оаѓате до точка во која велите – ок, заработив пари, но се чувствувам несреќно и осамено“.
Извор: stil.kurir.rs