СВР Штип информира за семејно насилство, кое се случило вчера во Штип.
-На 08.03.2023, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода В.П.(54) од Штип затоа што околу 17 часот во семејниот дом со дрвен предмет ја нападнал неговата сопруга. По комплетирање на случајот против В.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Штип.