Утворов во Оризари, кочански, се случила трагдеија, во која едно лице го загубило животот, а едно е повредено, информираат од ЦУК:
-Денес Регионалниот ЦУК Кочани, извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Кочани, по дојава во 09.52 часот, инервенирале на гаснење пожар на семејна кука во населба Оризари, Општина Кочани на улицата ,,Љупчо Сантов“. Интервенирано е со три возила од ТППЕ Кочани, пет пожарникари, а во гваснење на пожарот помогнале и четворица мештани. Во пожарот во куќата починало едно женско лице на возраст од околу 80 години, а при противпожарната интервенција бил повреден и еден пожарникар. По гаснењето на пожарот се повикани полициски екипи од Полициската станица ПС Кочани, кои вршат увид на самото место, информираат олд ЦУК.