Во пекарите во Штип и денеска има леб кој се продава по цена од 30 до 33 денари во зависност од грамажата и типот на леб.
Николче Малинов, кој е сопственик на пекара, во изјава за новинската агенција МИА вели дека пекарите кои вчера ја намалија цената на лебот и до пет денари работат на работ на рентабилноста, но дека се одлучиле на овој потег бидејќи мерката е донесена од Владата и сметаат дека во услови на криза треба да им се излезе во пресрет на граѓаните.
Засега немаат проблеми со исплатата на платите на вработените и со процесот на производство.
„Ние сме да речам на границата на исплатливоста. Пресметките ќе ги дознаеме по еден месец, кога ќе ни дојдат сметките за струја и другите сметки“, вели Малинов.
Посочува дека репроматеријали за производство на леб имаат за два до три месеци, а ќе следат и дали ќе има зголемување на берзите, од што ќе зависи цената на лебот.
Според проценките на пекарите, во Штип се продаваат од 10.000 до 15.000 парчиња леб.