Градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ го забранил концертот што требаше да се одржи на 25 март во спортскиот центар во Пула.
На концертот требало да настапат Душко Кулиш, Драган Којиќ, Ана Бекута и Зорана Миќановиќ. „Хилјадарка промоција“ склучила договор за закуп на салата со „Пула спорт“, трговската компанија која е сопственик на спортскиот центар Пула, пренесува Индекс.хр.
„Иако целиот тим на „Хилјадарка“ беше многу воодушевен од овој концерт, не можевме да ја смениме одлуката на градоначалникот на Пула, г-дин Филип Зоричиќ, кој одлучи дека „на јавните простори нема да има турбо фолк музика“, соопштуваат од „Хилјадарка“. Промоцијата на Глас Истра му овозможи увид во СМС преписката и тврди дека од споменатите пораки јасно се гледа дека Зоричиќ го забранил концертот поради видот на музиката.
„Посебно жалиме за сите вас, љубители на народната музика. Одзивот на концертот беше феноменален, а ова е прв пат да видиме толку голем број заинтересирани. Беше повеќе од еден месец пред концерт, а 85 проценти од билетите се веќе продадени.Очигледно е дека луѓето од Пула и околината беа многу заинтересирани за овој концерт, но за жал поради г. Филип Зоричиќ, градоначалникот на Пула, не може да се одржи концертот “, додаваат од организацијата.