Денес продолжуваме со обелоденување на нови детали за бизнисите на семејството Груби и ќе отвориме сомнеж за потеклото на средствата со кои се финансира купувањето на дуќанот на Ветон Груби, брат на Артан Груби, праша Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Дуќанот на улица Македонија од 127м2 сопственост на Ветон Груби е со вредност од половина милион евра. Од каде пари за купување на истиот, особено ако се земе податокот дека фирмата на Груби ЕТЦ Травел со години работи со загуби? Според податоците од Централниот регистар, фирмата на Ветон Груби во период од 2016 до 2020 година има загуба од нешто под 100.000 денари. Во овој период фирмата на Груби де факто е недоходовна за нејзиниот сопственик и истиот е во минус од работењето на истата. Во 2016 година загубата е 540.000 денари, а во 2017, 2018 и 2019, фирмата работи со добивка од 1 милион 640 илјади денари, 75 илјади денари и 286 илјади денари, за во 2020 година да заврши со загуба од 1 милион и 555 илјади денари, односно збирно, за 4 години фирмата нема генерирано добивка, туку е во минус од 100 илјади денари, рече Лефков и додаде:
-Како фирма која во период од 4 години не само што нема добивка, туку е и во минус, може да добие кредит како што самите велат во соопштение за купување на деловен простор кој вреди половина милион евра? Како фирмата на Груби ја гарантирала својата солвентност пред банката од која земале кредит, како што самите велат, кога имаат пад на приходи од 73% и пад на бројот на вработени за 16%? Како фирмата на Груби прикажува загуби, а тој купува деловен објект во строгиот центар на Скопје вреден половина милион евра? Кој е модулитетот по кој Груби купува дуќани, а според официјалните извештаи е во минус? И дали ќе ја сподели својата тајна со другите фирми кои исто така имаат потреба од деловен простор, имаат далеку подобри билансни извештаи и не можат да дојдат до сопствен објект, а уште помалку истиот да се наоѓа во центарот на Скопје, рече Лефков и ги повика ДКСК и ЈО да отворат случај за богатењето на семејството Груби и да истражат дали при купувањето на објектот од половина милион евра има злоупотреба на политичка моќ и влијание.