Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека речиси 13.000 багери, кранови, камиони и други индустриски возила биле испратени во зоната на земјотресот.
Меѓу преживеаните од земјотресот на 6 февруари во Турција и Сирија има околу 356.000 бремени жени на кои итно им е потребен пристап до услуги за репродуктивно здравје, објави Агенцијата на ОН за сексуално и репродуктивно здравје (УНФПА) за време на викендот.
Меѓу жените има 226.000 во Турција и 130.000 во Сирија, од кои околу 38.800 ќе се породат во следниот месец.
Многу жени се засолнуваат во кампови или живеат изложени на ниски температури и се борат да добијат храна или чиста вода, ставајќи го во опасност нивното здравје, пренесува пинк.рс.
Во текот на ноќта нови земјотреси се регистрирани во Турција. Земјата се тресела четири пати, а најсилниот земјотрес се случил во 00:37 часот и бил со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.