Вивиан пред десет месеци станала мајка и покрај тоа што немала труднички стомак, мачинини, ниту пак какви било други симптоми кои укажувале дека таа е бремена.
Дека животот навистина испишува интересни приказни покажува искуството на Вивиан Вајс Руизвеласко (20) која пред десет месеци станала мајка, а не ни знаела дека е бремена.
Таа вели дека пиела алкохол, вежбала и се дружела со своите пријатели и со своето момче. Апсолутно ништо не укажувало на тоа дека е бремена. Меѓутоа, за време на една роденденска забава таа почувствувала интензивни болки во стомакот и колковите па си отишла дома. Следниот ден отишла на работа, но пиела таблети и чај од билки со цел да ги ублажи болките. Всушност, таа имала контракции и веќе следното утро отишла во болница. Лекарот кој ја прегледал, ја известил дека во секој момент ќе се породи.
За преплашената девојка ваквата вест била вистински шок. Таа и нејзиното момче се збуниле како ќе ја покријат сметката во болницата и како ќе го растат детето, но сега е пресреќна што има син.
„Дознав дека сум бремена дури кога веќе бев на пораѓај. Веднаш останав во шок поради многу причини. Се прашував дали бебето е добро и што ќе правам со него со оглед на тоа дека никогаш претходно во животот не сум држела бебе. Се грижев околу сѐ што требаше да купам и во тој момент мојот свет се струши“, изјави Вивиан.
Признава дека на почетокот се снаоѓала многу лошо бидејќи немала никакво искуство со деца, но со текот на времето се си дошло на свое место.
„Фактот дека морам да го учам за животот е многу убав. Тој оди во градинка и е многу среќна. Тој е мој син, мој партнер. Тој ми е љубовта на мојот живот и истовремено најубавата, но и најмалку очекувана работа која мжеше да ми се случи“, заклучува младата мајка.