Креаторката Верица Ракочевиќ, која е 35 години постара од нејзиниот сопруг Вељко Кузманчевиќ, изјави дека пред неколку години имале крајно непријатна ситуација во Македонија додека спиеле на брегот на Охридското Езеро во камп приколката со која патувале.
„Некаде околу еден по полноќ ме разбуди Вељко, ми ја стави раката на уста и ми рече дека има луѓе до камперот. Се разбудив и уште повеќе се исплашив кога слушнав дека ни пцујат српска мајка на албански. Најморничав дел од разговорот беше кога разговараа дали да ја запалат камп приколката или да влезат да не убијат“, раскажа Верица за овој немил настан и додава.
„Навистина сум горда на Вељко, кој беше толку присебен што се привлече до воланот, за секунда ја отвори завесата од шофершајбната и го стартуваше камперот. Не застанавме додека не ја минавме грчката граница. Македонците се прекрасни, топли и срдечни луѓе и ова нема врска со нив“, раскажала креаторката која вели дека по немилите настани таа и нејзиниот сопруг го паркирале караванот на Крф.
„Со оглед на моите претходни навики, кога мојот одмор значеше само ресорт во кое ги имав сите удобности, со голема резерва прифатив да одам на море во кампер, што секако беше идеја на Вељко. За да не му дрндам, тој се потруди да изнајмиме луксузен кампер, многу поголем отколку што всушност ни требаше. Така станав вљубеник во ваквата слобода што ја нуди одморот на тркала“, признава Верица, пишува Hallo.