Премиерот Димитар Ковачевски денес кажа убава вест за пациентите со цистична фиброза. Рече дека пари се обезбедени и дека пратениците ќе ја поддржат измената на законот по итна постапка за набавка на лекот.
-Парите за болните од цистична фиброза се обезбедени. Добавувачот на лекот веќе има обезбедено количини за најкритичните од единствениот производител. Тие ќе стасаат согласно динамиката која ја кажува производителот, бидејќи тие не се лехови на залиха, туку се произведуваат согласно барање и нарачка за точен број пациенти. Тоа што успеале да го испреговараат ќе овозможи деа имаме лек за уште одреден број пациенти веднаш. Тимовите веќе работат на промена на законите, по примерот на други држави, каде за лек кој е патентиран и се произведува од само еден призводител, да може да се оди со дирекно преговарање, бидејќи таква законска можност кај нас не постои. Верувам дека сите пратеници ќе го поддржат и ќе имаме промена на законот по итна постапка да нема веќе проблеми. Со асоцијацијата на пациентите за цистична фиброза договоривме да се работи заедно со нив на протоколите за примање на терапијата, бидејќи не е само да ја има туку и во однос на број и место каде се прима, рече Ковачевски и додаде:
-. Во рок од 30 дена може да се испорача лекот, бидејќи кога ќе се направи нарачка тогаш се произведува лекот. Веднаш штом ќе се склучи договор со производителот тој нуди уште една услуга, да изработи своја статистика за тоа колку во иднина би имало можни пациенти во иднина за да може тие податоци бидат достапни за да може министесрството за да може да ги планира финансиските средства за лекот, додаде тој.