Незадоволни од резултатите на конкурсот на Минситерство за култура, утрово се откажаa организаторите на фестивалот ОФФест, поради немање пари.
Минситерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска на денешниот брифинг даде образложение за одлуката на комисијата, наведувајќи дека организаторот на фестивалот ќе се премисли и ќе ја искористи жалбата како правен механизам за да реагира.
Иако организаторот, Скопје џез фестивал во дописот до медиумите наведе дека „нема да поднесат жалба и нема да се понижуваат“, бидејќи за 22. издание на фестивалот доби 1 милион и 20 илјади денари (16.500 евра), што е помалку за половина од минатогодишната сума. СЏФ се пожали и на бавната реакција на министерството, бидејќи лани вложиле жалба на 1 март, Офф-фест се одржал на почетокот на јуни, а одговор на жалбата, негативен, добиле на 19 септември.
-Нема да ги коментирам личните квалификации кон мене. Секој има право на жалба. Лани имавме долг период на ребаланс на буџетот, дури два и пол месеци беше во Собрание. Направив едно мало истражување и во 2019, Офф-фест добиле 1 милион денари, поднеле жалба, и добиле уште 1 милион денари. Вкупно 2 милиона денари. Правото на жалба има секој, може да го користи, но и не мора. Од кои причини тие одлучиле да не се жалат не знам. Но, секој може да се жали онаму каде смета дека сумата не е таа што треба да ја добијат и треба да добие повеќе. Тоа е право на жалба која почнува да тече 15 дена откако ќе го добијат решението. Сега жалбата се поднесува електронски, и одговорот трае 15 дена, рече министерката.