Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, кој е од редовите на Демократскиот сојуз, денеска поднесе оставка од функцијата – потврди за агенцијата МИА претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.
Повлекувањето од функцијата следува откако Демократскиот сојуз вчера ја напушти владината коалиција. Пред да дојде на функцијата заменик министер за локална самоуправа, Димитровски работеше како новинар и уредник. Во текот на долгогодишната кариера беше главен и одговорен уредник на три дневни весници, „Вечер“, „Дневник“ и „Нова Македонија“ и на неделникот „Фокус“, но и предавач на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.
Премиерот Димитар Ковачевски пак, претходно изјави дека очекува функционерите на ДС да поднесат оставки, оценувајќи дека одлуката на Демократскиот сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство