Словенечкиот премиер Роберт Голоб и 20 години помладата Тина Габер се појавиле заедно на доделувањето на наградите Прешерн во Љубљана.
Тие биле снимени заедно за прв пат откако словенечките медиуми објавија за нивната наводна врска, пренесува Индекс.хр.
Претходно тие биле видени заедно во продавница за мебел, а потоа и на божиќниот концерт во Ватикан во Рим, кој го пренесуваше италијанскиот приватен телевизиски канал Канал 5.
Тина минатата година била видена во изборниот штаб на Роберт Голоб.
Роберт ја запознал Тина преку нејзината сестра Уршка, која најпрвин му била асистентка во енергетската компанија Gen-I, а сега е вработена во кабинетот на премиерот.
Тина Габер е познато лице на словенечката естрада. Таа била Мис Хаваи Тропика и поранешна девојка на пејачот Јана Плестењак, а медиумите објавија дека била во врска со поранешниот словенечки министер за транспорт, Патрик Влачич.
На Инстаграм ја следат 19.000 луѓе, а на социјалната мрежа често објавува фотографии од патувања.
Голоб претходно беше во брак со Јана Немец, но минатата година беше објавено дека се разведуваат и дека премиерот ќе продолжи да живее сам со децата.