Во идната Влада Алијанса за Албанците ќе има три министри и тоа за правда и за здравство, додека за третото место во игра се позицијата вицепремиер задолжен за економски прашања или прв човек на Министерството за информатичко општество и администрација,. Ова го пишува агенцијата МИА според информации од АА. Партијата што ја предводи гостиварскиот градоначалник Таравари, според овие извори, ќе добие и заменици министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и за одбрана, како и двајца државни секретари, од кои едниот е во Министерството за труд и социјална политика, додека вториот ќе биде дополнително утврден.
Меѓу директорските места што ќе ги добие Алијансата за Албанците се во „Пошта на Република Северна Македонија“, МЕПСО, Државниот просветен инспекторат и Агенцијата за управување со одземен имот, како и заменици-директори во Царинската управа, Управата за јавни приходи (УЈП) и ЕСМ, пишува МИА.
Сепак, од СДСМ соопштуваат дека ништо не е готово додека не заврши средбата на претседателот Димитар Ковачевски со сегашните коалициски партнери. На средбата Ковачевски се очекува да ги инфомира колаиционерите за тоа што е договорено за влез на Алијансата за Албанците во Владата, пред се со Алтернативана со чии претставници се разговара за понудата за останување на партијата во владиното мнозинство.