Триесетгодишната Хулја Јилмаз и нејзиното шестмесечно бебе Ајше живи се извлечени од урнатините на зграда во Хатај дури 29 часа по земјотресите што вчера ги потресоа јужните делови на Туркије, известува Анадолу.
Бројни спасувачки тимови продолжуваат со акциите за претрага и спасување, обидувајќи се да ги спасат луѓето кои останале заглавени под урнатините по земјотресите што вчера ги разорија јужните делови на Туркије.
Припадниците на спасувачките екипи кои ги отстрануваат урнатините од зградите во округот Антакја, во еден момент чуле гласови под урнатините.
Спасувачите спровеле операција во која успеале да дојдат до 30-годишната мајка и нејзиното шестмесечно бебе, дури 29 часа по земјотресот.
Мајката и бебето се префрлени во болница за да им биде укажана помош.