Френк Хугербетс од Харлем, Холандија предизвика големо внимание во јавноста по големиот земјотрес што ја погоди Турција, бидејќи на 3 февруари на Твитер објави дека земјата ќе ја погоди земјотрес со јачина од 7,5 степени.
На социјалната мрежа тој изјави дека природна катастрофа ќе се случи во југоцентралниот дел на Турција во близина на Сирија, Либан и Јордан.
Хугербетс повторно објави, овој пат на Фејсбук, каде напиша дека може да има силна сеизмичка активност во наредните денови.
„Најверојатно околу 8 февруари, најверојатно со магнитуда 6. Постои мала можност за голем сеизмолошки настан. Последователните потреси ќе продолжат во централна Турција и би можеле да достигнат јачина од 5 до 6 степени“, напиша тој.
Хугербетс ја „предвиде“ катастрофата во Турција. Тој изјави дека своето мислење во однос на Турција го искажува врз основа на движењето на планетите.