На утрешната вонредна седница, Советот на Општина Штип ќе одлучува за доделување финансиска помош за настраданите во разорниот земјотрес во Турција. Неофицијално, предлогот е да се доделат 300.000 денари, но на крај, одлуката ќе биде на советниците.
Со втората група на спасители и пожарникари, во Турција ќе заминат и петмина пожарникари.
-Тоа се пожарникари кои се обучени и имаат познавања на работата во вакви катастрофи, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Штипските пожарникари ќе заминат во организација на Дирекцијата за заштита и спасување, која ги координира овие активности со сите институции и организации. Јорданов рече дека нема план за поставување на собирни пунктови низ градот, но вреди да се размисли.